Хирурзите и Филипче нашле привремено решение по најавата за штрајк: Министерот на средба во ГОБ „8 Септември“

Точка

24/09/2021

19:03

3.003

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, Венко Филипче попладнево оствари средба со претставници на хируршкиот колектив на ГОБ „8 Септември“ и со директорот на болницата, д-р Христијан Костов.

Поврзани вести: Хирурзите од ГОБ „8 Септември“ на протест: Другите болестите на пациентите не исчезнуваат поради пандемијата

Оваа средба се случува откако четириесетина хирурзи од болницата утринава со писмо го известиле министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев дека од понеделник, 27 септември нема да работат итни операции, туку само животозагрозувачки, во знак на револт од работењето на директорот.

Попладнево, Филипче ги викнал двете страни на состанок во неговиот кабинет, од каде информираат дека покрај привременото решение, наредните денови министерот со лекарите ќе разговараат и за трајно решение за предизвикот.

Лекарите велат дека владее незадоволство од лошата организираност на работата.

„Не работат ни апарати, ни лифтови, нема тоалетна хартија, ни сапун, директорот не можеме да го најдеме, болницата се распаѓа, но најстрашно е што веќе не работат ни операционите сали“, велат вработени од болницата.

„На средбата беа разгледани повеќе аспекти од состојбата, односно во ГОБ 8 Спетември. Во моментов се лекуваат 100 пациенти со ковид, па оттука и редуцираноста на бројот на хируршки одделенија, но сепак со запазување на итни случаи како малигноми и фрактури. Тие интервенции се одвиваат тековно“, велат од Министерството.




Спонзорирани линкови

Маркетинг