Холивудскиот глумец избркан од ресторан - бил пијан, се расправал и се шетал босоног!

Точка

24/09/2021

19:40

8.350

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот глумец, Николас Кејџ бил избркан од еден ресторан откако пијан се расправал со персоналот. Очевидците во таа прилика помислиле дека оскаровецот е некој бездомник.

Кејџ пиел скапо виски и текила пред да почне да прави проблеми во ресторанот, а во снимките кои ги објави магазинот The Sun може да се види дека глумецот седи во панталони со леопардов дезен и се обидува да ги облече апостолките пред да почне да се дере. Избркан бил од ресторанот, а вработената се обидела да го спречи во неговиот обид да се врати во локалот.

Овој инцидент се случил откако глумецот имал многу тешка година. Имено, Кејџ ја изгубил својата мајка.

"Бевме во барот кога прво помисливме дека тоа е пијан и луд бездомник. Се шокиравме кога сфативме дека тоа е Николас Кејџ. Беше многу пијан и се расправаше со вработените. Навистина беше во лоша состојба и се шеташе босоног. Персоналот нѝ кажа дека пиел текила и виски Мекелен од 1980-та година. Им се дереше на луѓето и сакаше да се тепа, а потоа вработените го замолија да си замине. Беше толку пијан што не можеше да ги облече апостолките на нозете", рекол анонимен извор за The Sun.



Спонзорирани линкови

Маркетинг