Радукану го отпушти тренерот со кој го освои првиот грен слем

Макфакс

24/09/2021

17:47

2.212

Големина на фонт

а а а

Новата британска тениска принцеза, Ема Радукану го отпушти тренерот Ендру Ричардсон, откако со него стигна до својата прва грен слем титула, неверојатен успех за 18-годишната девојка која до титулата стигна без загубен сет од квалификациите.

18-годишната Радукану го ангажираше Ричардсон на краткорочен период додека беше во САД, но сега сака поискусен тренер како постојана членка на ВТА турнејата. 47-годишниот Ричардсон, поранешен играч од британскиот Дејвис куп тим, работеше со Радукану две години во тенискиот центар во Бромли, но нема големо искуство на ВТА турнејата и работи како шеф на тениски школарини во средно училиште.

„По Вимблдон бев на 200-то место на ВТА листата и мислев дека Ендру ќе биде совршен за да тестираме и да одиме во САД. Не сонував дека ќе го освојам САД опен и дека ќе бидам 22. на ВТА листата. Во овој дел од мојата кариера, сфатив дека морам да имам човек со искуство на ВТА турнејата а високо ниво. Потребно е некој да ја води мојата кариера“, вели Радукану.

Еден од фаворитите за нејзин нов тренер е Дарен Кејхил, Австралиецот кој неодамна се раздели со романската тенисерка, Симона Халеп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг