5-годишно девојче ја обвини својата мајка дека е вонземјанин: Вирално видео ги насмеа корисниците на социјалните мрежи

Точка

24/09/2021

17:45

9.518

Големина на фонт

а а а

Мајка од Тексас рекла дека никогаш не требало да ѝ дозволи на ќерка ѝ да го гледа филмот "Men in Black", откако објави снимка на која девојчето ја обвини дека е вонземјанин.

Во видеото, кое многу брзо стана вирално се гледа како малата Нала Џој (5) плаче бидејќи мислела дека нејзината мајка е вонземјанин.

Мајката Шакира Брендон во видеото објасни дека девојчето само што го догледало филмот "Men in Black", каде вонземјани ја посетуваат Земјата носејќи папирологија како пасош.

Во снимката се гледа како девојчето ја покажува фотографијата од Земјата во пасошот на нејзината мајка, додека солзите ѝ течат по лицето.

Девојчето после тоа ја обвини мајка ѝ дека е вонземјанец.

"Мислиш дека тоа значи дека сум вонземјанин? Дали сега се плашиш од мама?", прашала Шакира.

Снимката е прегледана повеќе од 1,5 милиони пати на Твитер, а стигнала и од Ед Соломон, сценаристот на првиот дел од филмот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг