Ферстапен ќе стартува последен во Сочи

Макфакс

24/09/2021

16:48

35.279

Големина на фонт

а а а

Лидерот во генералниот пласман, во првенството на Формула 1, Макс Ферстапен, трката за Големата награда на Русија ќе ја започне од последната позиција.

Ред Бул во болидот на Ферстапен, во паузата помеѓу првиот и вториот слободен тренинг, стави нова погонска единица. На овој начин Ред Бул, во Сочи ќе си одработи две казни. И пред казната поради менување на погонската единица, Ферстепн имаше казна од три позиции, поради инцидентот што го предизвика на трката во Монца.

Моторот на Ферстапен беше уништен по инцидентот што го имаше со Хамилтон на трката за Големата награда на Британија. Оваа погонска единица била толку уништена што не биле можни никакви поправки.

Трката за Големата награда на Русија, во Сочи, ќе се вози во недела од 14 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг