Фото: Обвинителството ќе истражува дали и како била заборавена дрогата во полициско возило кое беше фатено во Црна Гора

Точка

24/09/2021

13:51

4.559

Големина на фонт

а а а

Двајца полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал завчера беа фатени со дрога во Албанија, при влез во Црна Гора.

Вработените во МВР, кои се наоѓаа во возилото во кое имало бункер со марихуана, се веќе вратени во Скопје и тие немаат никаква врска со дрогата, тврдат од министерството, за што потврдило и албанското обвинителство.

Станува збор за вработени во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, кои на 22 септември тргнале на обука во Црна Гора и за службеното патување задолжиле возило од автопаркот на МВР. Кога стигнале на границата помеѓу Албанија и Црна Гора, тамошните цариници пронашле марихуана скриена во бункер, а од МВР тврдат дека таа дрога останала во возилото уште од 2016 година.


Се работи за возило кое, според објаснувањето, Министерството го добило од Агенцијата за управување со одземен имот, а било запленето од Царинската управа во акција за сузбивање трговија со дрога пред 5 години, пренесува „360 степени“.

„Вработените во МВР немаат никаква врска со дрогата, туку таа била скриена во автомобилот, односно останала од 2016 година кога ова возило било запленето во акција на Царинската управа, а потоа дадено на Агенцијата за управување со одземен имот, од каде што пак е отстапено на МВР. Вработените во МВР немаат никаква поврзаност со дрогата и тоа го потврдило и албанското јавно обвинителство и тие се веќе вратени во Скопје“, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека за целиот случај го известиле и нашето јавно обвинителство за да постапува понатаму и да го расчисти случајот.

За случајот вчера извести црногорската царинска служба која го открила бункерот кога вработените во МВР ја преминувале албанско-црногорската граница. Потоа, поради протоколот за билатерална соработка, црногорските власти ја предале надлежноста за постапката на институциите на Република Албанија, кои, како што тврди нашето МВР, потврдиле дека нивните вработени што се возеле во возилото немаат поврзаност со дрогата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг