Цени - багатела: Прекрасна мистична земја во која туристот се чувствува како крал

Точка

24/09/2021

21:40

32.368

Големина на фонт

а а а

Прекрасната архитектура, поволните цени и домашните специјалитети се само дел од причините зошто сè повеќе луѓе ја откриваат оваа земја...

Со речиси половина површина прекриена со пустина, оваа оддалечена и мистериозна земја која брои 33 милиони жители, полека, но сигурно се отвора кон туристите од Западот.

Во Узбекистан има и што да се види - разни градови и места кои некогаш се наоѓале на славниот Пат на свилата кој во некои дамнешни времиња трговски ги спојувал Кина и Европа.


Причина да ја посетите земјата оваа година може да биде и прославата на 30-годишнината од независноста и одвојувањето на земјите од Советскиот сојуз. Исто така, пред туристите се и мноштво значајни работи, поточно места во Самарканд, Бухара и Хива кои се наоѓаат на листата на светско културно наследство. Патувањето е значително олеснето во последните години бидејќи е изградена супербрза железница која го спојува главниот град Ташкент со остатокот од земјата.


А главниот град, за почеток, е и тоа како вреден за посета. Широките авении, уредените метро станици и бројните музеи ќе го освојат секој турист во оваа земја, која по смртта на претседателот Ислам Каримов во 2016 година, започна да се отвора кон светот.

На пример, денес тука се одржуваат и интернационални филмски фестивали, а за свртувањето кон уметноста јасно зборува и пренаменетата некогашна електрана во уметничка галерија.


Од друга страна, градовите Самарканд, Хива и Бухара се историски важни градови, чии мавзолеи и медреси никого не оставаат рамнодушен. Градот Хива е всушност како музеј на отворено, а во Бухара е сè уште жива традицијата на базари каде можете повеќе или помалку успешно да се ценкате. Во Самарканд ќе се воодушевувате на исламската архитектура, а со поволните цени и разните домашни специјалитети во оваа земја ќе се чувствувате како крал.




Спонзорирани линкови

Маркетинг