Анчелоти побарал Реал да ангажира Италијанец кој следното лето ќе биде слободен агент

Дерби

24/09/2021

12:57

2.702

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид полека го реновира средниот ред во кој досега доминираа Лука Модриќ и Тони Крос, но во иднина ќе биде потребна свежа крв, со која шпанскиот великан ќе ги задржи позитивните резултати.

Тренерот Карло Анчелоти лично побарал од раководството да работи на случајот Лоренцо Пелегрини, затоа што актуелниот капитен на Рома е она што според актуелниот тренер ќе донесе голем бенефит за иднината на Реал Мадрид.

Пелегрини ја одработува последната сезона од договорот со Рома и засега не ставил потпис на продолжување, па ова значи дека следното лето ќе биде слободен агент, ситуација која го прави уште попривлечен за големите клубови кои можат да му понудат голема плата.

Пелегрини веќе има 160 настапи за Рома, во кои постигна 27 голови и испрати 36 корисни асистенции, а Анчелоти е убеден дека ќе се вклопи во Реал Мадрид и ќе биде одлична замена за ветераните кои полека влегуваат во последната фаза од својата кариера.

Во овој сегмент, Реал го има Федерико Валверде, како и Едуардо Камавинга, а нема да биде изненадување ако наредниот период ангажира и фудбалер како Пол Погба или Николо Барела.



Спонзорирани линкови

Маркетинг