"Политичарите не ја сфаќаат катастрофата сериозно": Климатските активисти со Грета Тунберг најавиле протести ширум Германија

Точка

24/09/2021

19:50

2.953

Големина на фонт

а а а

Десетици илјади активисти за борба против климатските промени, вклучувајќи ја и тинејџерката Грета Тунберг, ќе одржат протести во градовите ширум Германија за да извршат притисок на кандидатите на парламентарните избори кои во таа земја се одржуваат во недела на 26-ти септември.

Организатор на демонстрациите е движењето "Петоци за иднината", кое смета дека политичката елита ги изневерила младите.

"Политичките партии не ја сфатија доволно сериозно климатската катастрофа. Голема промена е можна само ако се изврши притисок од улиците", рекла лидерката на германскиот огранок на движењето, Луиза Нојбауер, која на поголемите партии им порачала дека повеќе немаат никаков изговор за не-реагирање.


Ширум Германија се планирани повеќе од 400 климатски штрајкови на чело со Тунберг, за која се очекува да одржи говор пред Рајхстагот во Берлин. Протестите ќе бидат организирани под слоганот "Ние сме млади и светот ни е потребен" и "Се за климата".

Главното барање на демонстрантите е ограничување на загревањето на Земјата на максимални 1,5 степени Целзиусови степени како што е наведено во Договорот од Париз во 2015-та година.


Движењето "Петоци за иднината" настанало во август 2018-та година кога Тунберг и другите активисти секој петок седеле пред зградата на парламентот на Шведска во знак на протест поради недостигот на делување против климатските промени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг