Улична мода на Модната недела во Милано: Италијанките покажуваат што ќе се носи оваа сезона

Точка

24/09/2021

11:02

9.457

Големина на фонт

а а а

На почетокот на седмицата започна Модната недела во Милано, а љубителите на модата покрај креациите кои можат да се видат на пистите, се заинтересирани и за уличните модни комбинации.

Дамите кои ги посетувале ревиите на реномираните италијански дизајнери блескале во своите модни избори, а од фотографиите можеме да забележиме дека доминираат елеганцијата и винтиџ моментите во облик на фустани, предимензионирани блејзери, панталони со висок струк...

Слоевито, спортски и смело - широко сако и панталони, плетен џемпер, качкет.


Комплет во боја на камила, очила и шешир со голем обод - како создадени за есенските денови!


Лелеав жолт фустан и ефектни сини папучи...


Кафеавите нијанси во комбинација со зелената боја се полн погодок!


Неизоставното сако со потполнки - модниот тренд од 80-те е повторно хит.


И детали во златна боја бидејќи мораме да ја збогатиме облеката резервирана за постудените денови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг