"Сечењето на рака е многу потребно": Страшно предупредување од талибанците за сите граѓани

Точка

24/09/2021

10:46

5.218

Големина на фонт

а а а

Мула Норудин Тураби, еден од основачите на Талибан и главен поборник за строгото толкување на исламскиот закон за време на последното талибанско владеење во Авганистан кон крајот на 90-тите години, рекол дека ова тврдокорно движење повторно ќе врши погубувања и ампутација на раце, иако можеби не јавно.

Тураби ги отфрлил згрозувањето поради погубувањата кои талибанците ги вршеле во минатото, кои понакогаш се случувале пред многу луѓе на стадион и го предупредил светот да не се меша во делувањето на новите лидери на Авганистан.

"Сите не критикуваа поради казните на стадион, но ние никогаш не сме кажале ништо за нивните закони и казни", рекол Тураби.


"Никој нема да ни кажува какви треба да бидат нашите закони. Ќе го следиме исламот и ќе усвојуваме закони на основа на Куранот", истакнал тој.

Коментарот на Тураби укажува на тоа дека лидерите на групата остануваат длабоко конзервативни, иако прифаќаат технолошки промени, како видеа и мобилни телефони.


Тој рекол дека судиите, вклучувајќи и жени, ќе судат во предмети, но дека основата на авганистанските закони ќе биде Куранот.

"Сечењето на рака е многу потребно поради безбедност", нагласил Тураби, велејќи дека таквото казнување има одвраќачки ефект.


Тој додал дека и кабинетот проучува дали казните ќе бидат јавно извршувани или таа политика ќе се менува.

Последните денови во Кабул талибанските борци ја обновиле казната која обично ја користеле во минатото за луѓе обвинети за ситни кражби, а тоа е да ги посрамотат.


Најмалку два пати во последната недела, мажи од Кабул биле сместувани во задниот дел од камионети, со врзани раце и возени наоколу за да бидат понижени.

Во еден случај, нивните лица била обоени за да ги означат како крадци. Во друг случај бајат леб им висел на вратот или устата им била полна со леб. Не се знае какви точно злосторства извршиле. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг