Заев за „ТВ24“: „Победници сме сите ако имаме европски избори, чисти, кристални и демократски јасни“

Точка

23/09/2021

23:11

1.952

Големина на фонт

а а а

Реално победници сме сите, ако имаме европски избори, чисти, кристални и демократски јасни, изјави вечерва премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Прашан дали очекува помирна кампања за разлика од претходните, Заев вечерва во гостувањето на Телевизија 24, рече дека тој прави сè, за тоа да биде така - и како личност, и како претседател на СДСМ.

„Дали очекувам? Не очекувам, затоа што мислам дека се игра од страна на шефот на нашиот опонент на сè или ништо. Знаејќи дека има Конгрес во ноември и овде кога се игра вака, поприлично се знае да се влезе во ризични и недозволиви ставови. Се надевам дека грешам, тоа го кажувам. Ќе направам сè, да демотивирам, ќе дигам телефон, сакам да ми се дига телефон, затоа што граѓаните не заслужуваат. Не заслужуваат, дури ни непријатности, да не зборам не фер, не демократски исчекори“, изјави Заев.

„Лично дојдов за да ја испратам пораката, пред сè, кај моите членови на СДСМ и нашите коалициски партнери, нашето гласачко тело. Затоа што, реално победници сме сите, ако имаме европски избори, чисти, кристални и демократски јасни и готово, тоа е тоа“, рече премиерот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг