Пари истражуваше: Топ 10 бугарски компании во земјава заедно имале приход од 157,7 милиони евра, но…

Точка

23/09/2021

21:43

97.289

Големина на фонт

а а а

Податоците што ги аналираше порталот Пари во соработка со БизнисМрежа.мк, за првите 10 компании по големина на приход кои се во сопственост на бугарска фирма, покажуват дека минатата година тие во Македонија направиле вкупен приход од 157,7 милиони евра.

Но, сите економисти што ја следат надворешната трговија, па и официјалните власти, досега многу пати напоменувале дека економската соработка со Бугарија може да биде многу подобра од сегашната. Всушност, ако малку подобро се погледа кои се компаниите со бугарски капитал, ќе се види дека уделот на бугарскиот капитал во овие 157,7 милиони евра не е многу голем.

Првата од 10-те компании по остварен приход е „Рамстор Македонија“ чиј сопственик лани беше турската фирма во Бугарија – „Рамстор Бугарија ЕАД“, а на второто место се наоѓа „ЕВН трејдинг“ чиј сопственик е „ЕВН трејдинг саут ист Јуроп“ која е бугарска фирма – ќерка на австриската групација „ЕВН“.

Сепак, она што треба да се нагласи е дека двете водечки компании по приход се само подружници, поблиску до балканскиот пазар, за големи компании што работат во многу земји. 

Во табелата може да ги погледнете останатите најголеми фирми присутни во Македонија што се во бугарска сопственост:

Топ 10 компании по приход со бугарски сопственик

Износите се изразени во евра | Извор: БизнисМрежа.мк

Вкупните приходи на „Рамстор“ минатата година биле речиси 54 милионие евра, покажуваат податоците на БизнисМрежа.мк. Ова значи дека толкав промет лани направиле македонските граѓани, како и други дражвјани што влегле преку вратите на „Рамстор“. Или, сведено на месечно ниво, во „Рамстор“ секој месец, во просек, се пазарувало по 4,5 милиони евра. Ова, на компанијата, пак, и донело добивка од околу 300.000 евра.

Минатогодишниот промет, со оглед на пандемијата, секако е значително помал од оној во 2019 година, кога вкупните приходи биле поголеми за повеќе од 7 милиони евра и изнесувале 61,8 милиони евра. Тогаш се остварила добивка од речсиси 2 милиони евра, односно таа била повеќе од 6 пати поголема отколку ланската, иако падот на приходите не бил толку драматичен (изнесувал 13,3 проценти).

Годинава за работењето, а и за добивката ќе се грижи новиот сопственик. Како пто е познато, во април годинава, ланецот маркети, како и трговскиот центар „Рамстор“ се продадоа. Турската подружницата „Рамсторе Бугарија ЕАД“, која поседува 99 отсто од акциите на „Рамстор Македонија“ ги продаде акциите на компанијата „Сити Плаза ДОО“, чиј сопственик е Ајдоаван Адемовски. Тој е и претседател на Македонско-турскат стопанска комора во Македонија (МАТТО), почесен конзул на Турција, сопственик на трговскиот центар „Капитол мол“ и на хотелот „Хилтон“ во Скопје.

Редакција Пари



Спонзорирани линкови

Маркетинг