Наполи продолжува да „гази“, Лацио со многу среќа во Торино!

Макфакс

23/09/2021

21:35

2.132

Големина на фонт

а а а

Наполи го продолжи неверојатниот старт на новата сезона во Серија А, забележувајќи ја петтата победа во пет кола, доминирајќи во Џенова кај Сампдорија за 0:4 победа.

Со трите поени, тимот на Лучијано Спалети, кој му даде шанса на Елиф Елмас да влезе во игра во последните 20-тина минути, во се врати на првото место на табелата со максимален учинок, со два поени пред Интер и Милан.

Нигериецот Виктор Осимен, кој минатата сезона беше критикуван поради недостатокот на голови, уште во 10. минута го отвори резултатот, пред Фабијан Руиз да зголеми на 2:0 во 39. минута. Осимен во 50. минута го постигна својот втор гол, а Пјотр Зиелински само девет минути подоцна зголеми на 4:0.

Торино пак, примија гол во 91. минута од пенал, за да пропуштат победа над Лацио, во меч кој заврши 1:1. „Џокер“ на „биковите“ повторно беше Марко Пјаца, кој постигна гол во 76. минута од мечот, но Чиро Имобиле од пенал во 91. минута донесе поен за гостите од Рим.

СЕРИЈА А, 5.КОЛО

Сампдорија – Наполи 0:4

Торино – Лацио 1:1



Спонзорирани линкови

Маркетинг