Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и САД: „Мора да ја избегнеме“

Макфакс

23/09/2021

21:33

1.687

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и побара од земјите да го поправат својот целосно нефункционален однос.

„Односот помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави денес е целосно нефункционален. Имаме разни перспективи во разни области и нормално е дека има некои несогласувања. Тоа е прашање на човекови права, геостратешки прашања, како и прашањето за Јужното Кинеско Море“, рече Гутереш.

Додаде дека постојат области каде што постојат заеднички интереси и потребна е силна соработка, како што е случајот со климатските промени. И постојат области каде што треба да се водат сериозни преговори – трговија и технологија.

„Мораме да ја избегнеме студената војна по секоја цена, која би била поинаква од претходната и веројатно поопасна и потешка за управување“, рече генералниот секретар на ОН.



Спонзорирани линкови

Маркетинг