Невакцинираните работници нема да добиваат плата: Во Германија наскоро воведуваат нови правила

Точка

23/09/2021

16:51

3.564

Големина на фонт

а а а

Новите правила би требало да стапат на сила до 11-ти октомври.

Германските здравствени власти планираат нови правила според кои невакцинираните работници не би примале надомест за плата, доколку мерките на коронавирусот ги принудат на карантин.

Тие правила ги подготвува германското министерство за здравство, а би требало да стапат на сила најдоцна до 11-ти октомври.


Како што велат, тоа би влијаело на луѓето кои се позитивни на коронавирусот и на оние кои се враќаат од земјите кои се "високо ризични", а во кои сега влегуваат и делови од Франција, Велика Британија и Турција.

Невакцинираните патници од таквите земји мора да бидат во карантин најмалку пет дена, а оние кои се вакцинирани или неодамна закрепнале од вирусот не мораат.


Владата на Италија усвоила една од најстрогите ковид мерки на светот, бидејќи ги обврзала сите работници во јавниот и приватниот сектор да имаат потврда за вакцинација, негативен тест или потврда дека неодамна закрепнале од коронавирус. Одлуката стапува на сила на 15-ти октомври, а целта е луѓето да се уверат дека треба да се вакцинираат за да се намали бројот на новозаразени во една од најпогодените земји во пандемијата.

Исто така, во Словенија државните службеници повеќе нема да можат на работа со негативен тест на коронавирус - потврда за вакцинација ќе биде задолжителна. ВО Франција невакцинираните здравствени работници ги дочекала суспензија без плата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг