Пејачката се појави во јавност, а поради новиот изглед многумина не ја препознале

Точка

23/09/2021

17:00

7.959

Големина на фонт

а а а

Деми Ловато секогаш отворено говорела за своите психички проблеми, а после последната посета на клиника за одвикнување повторно целосно се променила и физички.

Поп ѕвездата, Деми Ловато оваа недела била главна мета на папараците кога излегла од куќата во лежерна прошетка.

29-годишната пејачка била уловена во друштво на пријателите, а на себе имала едноставна тренерка, обична маица, а лицето го сокрила со очила за сонце и капа.


Пејачката ја зголемила килажата и ја променила фризурата па изгледаше далеку од она како што ја знаеме од почетокот на кариерата, но после последната рехабилитација рекла дека се чувствува добро и дека има во план така да остане.

Во нејзино друштво бил и телохранител, а Деми пред неколку дена открила дека планира да ја објави документарната серија "Unidentified".


Станува збор за серија во која ќе се разработува приказната за пејачката и нејзините пријатели и нивните авантури во Националниот парк Џошуа, каде биле во потрага на вонземјани.

"Имав неверојатно искуство во паркот и сакам да дознаам што всушност се случувало таму", рекла пејачката неодамна.


Ловато отворено зборувала за нејзините психички проблеми. Уште претходно зборувала за депресијата, нарушувањето во ихраната и зависностна, а не е тајна и дека во неколку наврати била во клиники за рехабилитации.



Спонзорирани линкови

Маркетинг