Ова се најзабавните моменти во кариерата на канцеларката Ангела Меркел

Точка

23/09/2021

16:00

8.457

Големина на фонт

а а а

Ангела Меркел (67) била канцеларка на Германија од 2005 година, а таа уште пред три години најави дека нема да бара петти мандат и повеќе пати повторила дека нема да го промени мислењето.

Во недела на 26 септември ќе се одржат парламентарните избори во Германија, кога најмоќната жена на свето ќе престане да биде премиерка.

На листата на Форбс најмоќната жена, Ангела Меркел, 10 години по ред го заземала првото место. Германците ја нарекуваат "Мама", а политичарите ширум светот "Кралица на Европа".


Иако со децении има успешна политичка кариера, Ангела дипломирала физика, а докторирала квантна хемија. И додека полека се подготвува да оди во пензија, во продолжение ќе се потсетиме на најинтересните моменти од нејзината кариера.

Канцеларката во 2005 година посетила една подморница, а судејќи по изразот на лицето сакала што побрзо да излезе.


Се радувала кога во 2012 година на Европското фудбалско првенство, германскиот репрезентативец, Филип Лам постигна гол против Грција.


Таа го посетила и Паркот на птиците во Марлов.


Архивската слика од 1995 година ја прикажува тогашната германска министерка за животна средина, Ангела Меркел за време на нејзината прва посета во нуклеарното засолниште во Горлебен.


Медиумите пренесувале дека Ангела е добра куварка и дека обожува да прави колачи. Сепак, овој пат уживала во фалафел кога била уловена во Берлин во 2017 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг