Девојката на Мик Џегер објави фотографија од нивниот 4-годишен син кој е копија на пејачот

Точка

23/09/2021

14:45

5.683

Големина на фонт

а а а

Поранешната балерина Мелани Хемрик (34) на Инстаграм објави фотографија од 4-годишниот син Деверо, кој го доби во врската со Мик Џегер (78).

Малиот Деверо е најмладиот од осумте деца на познатиот рокер и е единственото дете кое го има со поранешната балерина.

Мик има и пет внуци. Мелани и Џегер не објавуваат често заеднички фотографии ниту се појавуваат во јавноста. Се запознале во 2014 година, само неколку дена откако тогашната девојка на Мик, Лорен Скот била пронајдена мртва.

Под фотографијата која ја постави Мелани, следбениците оставиле многубројни коментари. Многумина од нив сметаат дека Деверо наликува на својот татко.

"Мал Мик", "Ист како татко му", биле дел од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг