Пакета доби жолт картон поради дриблинг, Нејмар збесна: Убавиот фудбал умира!

Дерби

23/09/2021

13:53

3.048

Големина на фонт

а а а

Лион успеа да направи пресврт против Троја во второто полувреме и победи со 3:1 на домашен терен, но стрелецот на последниот гол на средбата на „Олимпик“ парк, се најде во фокусот и поради една бизарна ситуација во судиското надополнување.

Бразилецот Пакета е еден од најдобрите играчи на Лион и го постигна голот за конечни 3:1 во 87-та минута, но шест минути подоцна, доби јавна опомена од судијката Стефани Фрапар за фудбалската провокација.

Имено, Пакета имаше обид за познатиот „сомбреро“ дриблинг и истиот привлече гнев кај фудбалерите на Троја, а судијата реши да го казни Бразилецот со жолт картон. Оваа јавна опомена ја подели јавноста во Франција и воопшто фановите на социјалните мрежи, но Нејмар застана на страна на својот сонародник бидејќи во минатото и него му се случуваше ова.

– Оваа сцена е многу тажна, да се добие жолт картон поради дриблинг…. Техничкиот потег кој го прави е решение во овој случај, не е важно каде го прави потегот и во која минута го прави. Ова ми се случи мене минатата сезона.

– Оваа сезона му се случува на Пакета, искрено не го сфаќам вистинскиот мотив за ова. Полека умира „жога бонито“ (убавиот фудбал). Уживајте додека можете, – порача Нејмар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг