Модниот бренд Валентино претстави дуксер од 700 долари со цел да поттикне вакцинација

Точка

23/09/2021

14:00

7.374

Големина на фонт

а а а

Луксузната модна куќа Валентино го претстави посебниот дизајн на дуксер со кој сакаат да ги привлечат луѓето да се вакцинираат, а кој го содржи нивното лого - буквата В и натписот "Вакциниран". За ова парче облека потребно е да издвоите 690 долари, а приходите ќе бидат донирани во УНИЦЕФ.

Црниот дуксер со натписот "Вакциниран" за првпат беше дизајниран од мала компанија Cloney од Лос Анџелес. Кога дизајнерот на Валентино, Пјерпаоло Пикиоли, дознал за иницијативата одлучил да ги купи првите пет дуксери кои се на располагање и да им ги подари на пријателите.

Откако ја објави фотографијата на која го носи дуксерот, набрзо почнале да се појавуваат барања од Марк Џејкобс, Зерин Акерс и Емануел Фарнети.

На крајот и Лејди Гага објави видео во кое го носи дуксерот, иако целта на видеото била промоцијата на парфемот на Валентино, пејачката ја искористила приликата да повика на вакцинација.

Дуксерот ќе биде достапен на веб страната на Валентино, а 100% приходи ќе бидат наменети за финансирање на работата на УНИЦЕФ за КОВАКС програмата на СЗО, чија цел е да се обезбедат вакцини во земјите каде не се широко достапни.


"Вакцинирањето стана најефикасниот начин на борба против оваа глобална пандемија, како и симбол за почитување на другите општествени одговорности", порача Пикиоли.




Спонзорирани линкови

Маркетинг