Лапорта за чудниот потег на Куман: Дознавме во последен момент

Дерби

23/09/2021

13:23

2.202

Големина на фонт

а а а

Роналд Куман вчера ги изненади шпанските новинари, трансформирајќи ја прес-конференцијата во краток монолог без можност за прашања.

Тренерот на Барселона прочитал кратко соопштение пред медиумите и потоа си заминал без да остави можност за прашања.

Овој потег ги изненадил и фудбалерите, но и претседателот Жоан Лапорта.

– Во последен момент дознавме дека сака да прочита соопштение, па иако мора да присуствува на прес-конференциите, самиот одлучува што и колку ќе зборува.

– Ја почитуваме одлуката на тренерот, но ние и капитените дознавме за неа во последен момент, – изјавил Лапорта.

По ремито со Гранада на „Камп Ноу“, Барселона вечерва игра на гостински терен со Кадиз. Натпреварот започнува од 22 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг