Филипче: Се препорачува трета доза вакцина за граѓани над 60 години, здравствени работници и хронично болни

Точка

23/09/2021

13:05

2.972

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека е надмината бројката од 700.000 граѓани кои се вакцинирани.

„Верувам дека интересот нема да се намалува, за да стекнеме колективен имунитет“, изјави Филипче.


„Вчера пристигнаа 100.000 вакцини „Фајзер“, 50.000 од „Синовак“. Се зголемува бројот на слободни кревети на Инфективна клиника, како и на интерните клиники. Според новите препораки, се препорачува трета доза вакцина за граѓани над 60-годишна возраст, кај здравствени работници како и за хронично болните, без разлика на возраста. Третата доза ќе биде од „Фајзер“, вели Филипче.

Исто така, министерот најави дека се очекува Данска да ја објави донацијата од 250.000 дози од „Џонсон и Џонсон“.

Што се однесува до наставата, тој информираше дека во најголем број училишта ќе се прави тестирање со брзи антигенски тестови, но за тоа сè уште не може да каже повеќе детали.



Спонзорирани линкови

Маркетинг