Д-р Беќаровски со апел: Набавете си комбинирани брзи антигенски тестови додека сè уште не поскапеле

Точка

23/09/2021

12:17

2.898

Големина на фонт

а а а

Д-р Нико Беќаровски упати апел до здравствените власти да ги набават комбинираните антигенски тестови кои детектираат и Ковид-19 и сезонски грип. Според него, тоа ќе биде многу важно за преиодот кој доаѓа.

Беќаровски, кој на својот профил на Фејсбук често објавува стручни размислувања за коронавирусот, апелира до властите да ги набават комбинираните тестови, бидејќи е многу важно точно да се открие за какво вирусно заболување станува збор.

"Јас да ви најавам. Со доаѓање на есента и зимата оваа година неминовно ќе не заплисне и сезонскиот грип.

Затоа додека цените на тестовите се уште не се скапи на светската берза, ВЕДНАШ набавете ги брзите комбинирани антигенски тестови Covid/InfluenzaA/B Combo test, со кои на релативно ефтин и временски краток рок ќе може да ВЕДНАШ ДА ДИЈАГНОСТИЦИРАМЕ болни од Covid-19 и сезонски грип. За еден месец можеби ќе биде предоцна", стои на Фејсбук профилот на д-р Беќаровски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг