Бруно со очаен потег да постигне гол за Јунајтед, неговиот потег ги изнасмеа фановите и Солскјер

Дерби

23/09/2021

11:53

1.896

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед вчера беше елиминиран од Вест Хем во Лига купот, а со тоа „црвените ѓаволи“ отпаднаа од едно натпреварување во кое можеа да атакуваат на трофејот.

Поразот на „Олд Трафорд“ донесе и неколку интересни моменти, а англиските фанови најмногу внимание му посветија на потегот на Бруно Фернандеш во самиот финиш на средбата.

Португалецот реши да „украде“ една топка и да постигне гол, откако судијата Џонатан Мос уфрли „мртва топка“ на теренот, но таа требаше да им припадне на фудбалерите на Вест Хем.

Очекувано, судијата не го призна погодокот на Бруно, а неговиот потег не само што потроши важни секунди за Јунајтед, туку и во таков момент изнуди насмевка на лицето на менаџерот Оле Гунар Солскјер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг