Леклер ќе стартува последен во Русија

Макфакс

23/09/2021

11:46

34.730

Големина на фонт

а а а

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, од последната позиција ќе стартува во трката за Големата награда на Русија.

Леклер, на патеката во Сочи ќе вози со нов мотор, четврти оваа сезона. Според правилата, во текот на сезоната дозволени се три промени на моторот. Секоја наредна се санкционира.

Леклер, во генералниот пласман се наоѓа на шестото место со 104 поени.

Трката за Големата награда на Русија ќе се вози на 26 септември.



Спонзорирани линкови

Маркетинг