Јокиќ за одлуката која ја налути Србија: Повторно би го направил истото

Дерби

23/09/2021

11:27

11.421

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ се подготвува за новата НБА сезона во која ќе влезе како актуелен МВП, а во последната комуникација со новинарите зборувал за темата на која беше најактуелен изминатите месеци.

НБА ѕвездата реши да не настапува за својата репрезентација во олимписките квалификации и Олимпијадата, а Србија не успеа да го помине ниту квалификацискиот турнир.

– Донесов одлука, без разлика дали е лоша или добра останувам на тој став. Повторно би го направил истото, – рекол Јокиќ.

Тој открил и убава вест поврзана со неговиот личен живот.

– Ќе станам татко, па тоа е врвот на овој дел од мојата кариера и живот, – открил српскиот кошаркар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг