Карим има очи на тилот: Бензема му одговори на Ето со неверојатен потег и ги воодушеви фановите

Дерби

23/09/2021

11:25

1.881

Големина на фонт

а а а

Неколку часа пред натпреварот меѓу Реал Мадрид и Мајорка во шпанската Примера, легендарниот Самуел Ето нагласи дека Карим Бензема во овој момент е убедливо најдобар напаѓач во светот, а Французинот со своето издание на „Бернабеу“, како да сакаше да покаже дека неповторливиот Камерунец е во право.

Иако главна ѕвезда на вечерта беше Марко Асенсио кој постигна три гола во пресметката со својот поранешен клуб Мајорка, победата од 6:1 ја одбележа и Бензема со два гола и две асистенции.

Дефинитивно, најубав момент на мечот беше погодокот за водство од 5:1 во 78-та минута, кога францускиот велемајстор успеа да исконтролира една извонредна топка од Давид Алаба.

Бензема успеа да ја прими топката со грб и точно знаеше каде се наоѓа истата, а по неверојатниот потег, имаше и доста среќа и погоди за втор гол на мечот.

Претходно, Бензема го постигна голот за водство од 1:0 и двапати асистираше до Асенсио, по што стигна до страшен учинок на стартот на новата сезона во Ла Лига.

Реал Мадрид со новата победа се врати на врвот на табелата, а Бензема на првите шест меча во домашното првенство има нестварен учинок од осум постигнати гола и дури седум асистенции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг