На Закерберг му се заканува "испрашување": Протекол извештај за токсичноста на "Инстаграм", конгресмените бараат одговори

Точка

23/09/2021

11:23

18.315

Големина на фонт

а а а

По протекувањето на извештајот кој открил дека "Инстаграм" има значајно негативно влијание на младите, а посебно на тинејџерите, на шефот на "Фејсбук" Марк Закерберг, кој ја купил таа платформа во 2012-та година за милијарда евра, му се заканува испрашување во Конгресот.

"Фејсбук" спровел внатрешна анализа за влијанието на "Инстаграм", а до извештајот дошол "Wall Street Journal" и го објавил во вторникот. Угледниот дневник објавил "Фејсбук" неколку пати открил дека неговата апликација е штетна за тинејџерите.

"WSJ" ги цитирал анализите на "Фејсбук" кои во текот на последните три години истражувале како "Инстаграм" влијае на младите корисници, а посебно погодени се тинејџерките.

"Околу 32 проценти од тинејџерките рекле дека кога имале лошо мислење за своите тела, Инстаграм направил да се чувствуваат уште полошо", напишале истражувачите, а пренесува "Wall Street Journal".

"Фејсбук" исто така открил дека 13 проценти од момчињата во САД рекле дека "Инстаграм" прави да се чувствуваат лошо за себе.


Иако технолошкиот џин заклучил дека поголем процент од младите не се негативно погодени од "Инстаграм", карактеристиките кои социјалната мрежа ги идентификува како најштетни се дел од нејзиниот изглед. Според извештајот, истражувачите предупредиле дека опцијата "Explore" на "Инстаграм", која на корисниците им пружа селектирани постови од широкиот спектар на профили, може да ги турне корисниците во потенцијално штетна содржина, пренесува "CNBC".

Апликацијата исто така има култура на објавување само на најдобрите фотографии и моменти и функционира како производ кој создава зависност.

"Аспектите на "Инстаграм" се влошуваат меѓусебно за да создадат совршена олуја", стои во истражувањето.

Највисоките службеници во компанијата го разгледувале истражувањето, а според "WSJ" истото се цитира во презентацијата која минатата година му била дадена на директорот на "Фејсбук", Марк Закерберг. Сепак, како што наведува "CNBC", "Фејсбук" се мачел да го реши проблемот, а истовремено да ги задржи своите корисници и да ги држи активни. Компанијата исто така прави верзија на "Инстаграм" за помлади од 13 години.


Младите се клучни за успехот на "Инстаграм" - повеќе од 40 проценти од корисниците на "Инстаграм" се помлади од 22 години. Шефицата за јавна политика на "Инстаграм", Карина Њутон, во пост навела дека компанијата бара начини да ги насочи корисниците на различни видови содржини, наместо да се фиксираат на фотографии од тела кои можат да доведат до негативно самоспоредување.

Сепак, откако извештајот бил објавен во јавноста, американските службеници побарале одговори од "Фејсбук".

"CNBC" пишува дека и републиканските и демократските конгресмени сега сакаат дознаат како услугите на платформата влијаат на менталното здравје на тинејџерите и децата и дека група демократи од Конгресот ги барала тие одговори од Закерберг во писмо пратено во средата. Исто така, лидерите на Трговскиот поткомитет на Сенатот за заштита на потрошувачите, сенаторите Марша Блекберн и Ричард Блументал, објавиле истрага на "Фејсбук" поради тие наводи.


Сенаторите во вторникот рекле дека се во контакт со извор од "Фејсбук" и дека ќе ги користат сите ресурси кои им се на располагање за да истражат што знаел "Фејсбук" - вклучувајќи барање на дополнителни документи и потрага по сведоштва.

Во писмото до Закерберг, сенаторите Ед Марки, Кејти Кастро и Лори Трејен го повикале "Фејсбук" да ги напушти своите планови во лансирањето на верзијата на "Инстаграм" за деца, откако претходно во мај тоа го направиле американските обвинители. Тројцата конгресмени гласно заговараат за заштита на приватноста и здравјето на децата на интернет.

Исто така конгресмените се интересираат дали Закерберг ги прегледал внатрешните истражувања за влијанието на "Инстаграм" на менталното здравје на децата, па побарале нови информации за плановите на "Фејсбук" за платформата фокусирана на младите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг