Драма на улица „Џон Кенеди“: Ограбена аптека во скопски Чаир, на сопственикот му се слошило и починал

Нетпрес

23/09/2021

11:10

5.620

Големина на фонт

а а а

Синоќа околу 20 часот во аптека на улицата „Џон Кенеди“ во скопски Чаир непознато лице со закана со нож кон вработената го одзел дневниот промет, настанот во полиција е пријавен во 20.40, информираат од МВР.

Десетина минути подоцна во аптеката дошол сопственикот А.С., на 40-годишна возраст, кому според пријавеното му се слошило.

Набрзо дошла екипа на службата за Итна медцинска помош и со нивно возило е однесен во универзитестко-клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на Клиниката за кардиологија , каде од страна на лекар е констатирана смрт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг