Пари истражуваше: Автомобилскиот сектор во рикверц - Збришани 30 милиони евра од вкупните приходи на топ 10 увозници на возила

Точка

22/09/2021

21:53

92.998

Големина на фонт

а а а

Ударот на кризата врз автомобилската индустрија е повеќекратен. Најпрво започна со изолирањето и работењето од дома кога на удар беше побарувачката за нови автомобили.

Драстично се намалија потребите од превозни средства, а пазарот се обидуваше преку најразлични промотивни кампањи да надомести дел од загубеното. Исто така, во голема мера влијае и неизвесноста околу вирусот која создава услови луѓето да апстинираат од купување и поседување луксузни добра. Втората фаза, која до израз доаѓа во последниов период, се однесува на неможноста да се испорачаат бараните количини на возила.Чистењето на залихи и намаленото производство доведоа до тоа автосалоните да бидат полупразни, а за испорака може да се чека и до 6 месеци. Нарушените синџири на достава и во голема мера зависноста од кинеско производство, доведоа до намалена продукција и повисоки цени и токму затоа се очекува поскапување на одредени модели на почетокот на наредната година.

Износите се изразени во евра | Извор: БизнисМрежа.мк

Износите се изразени во евра | Извор: БизнисМрежа.мк

Анализирајќи ги податоците на платформата за бонитетни податоци на БизнисМрежа.мк за топ 10 компании од автоиндустријата може да се изведат следните заклучоци:

70% од топ 10 компаниите бележат пад на приходите во 2020, споредбено со 2019 година. Во оваа категорија како најнегативен пример се издвојува АУТОМОБИЛИ ГРОУП со пад на приходи од 40.59%, а исто така оваа компанија е најслабо рангирана според апсолутни бројки. Значителен удар врз приходната страна бележат и АВТОНОВА со пад од 35.34%, како и ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР и ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА со пад од околу 20%.

Лидер на пазарот според остварени приходи(продадени автомобили) е ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА кој е далеку пред своите конкуренти две години по ред. Дополнително, разликата помеѓу нив и второпласираниот е речиси двојна, што укажува на фактот дека македонските потрошувачи најмногу им веруваат на моделите од Волксваген, Ауди, Порше, Шкода и Сеат. ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА успеа да ја заврши 2020 година со вкупни приходи од 47,4 милиони ЕУР. Падот на приходи од 19% се одрази и врз вкупнатадобивка, која во 2020 година изнесуваше 1,6 милиони ЕУР, што претставува пад од 32,33% во односна 2019 година.

Компанија која успеала да го “победи” пазарот е МИ-ДА ГРАНД МОТОРС. Оваа компанија во 2020 година генерира зголемени приходи во износ од 1,7 милиони ЕУР, што претставува пораст од 21%. Сепак, овие бројки не се пресликале во целост во крајниот резултат со оглед на тоа што компанијата последните 2 години во низа остварува негативен финансиски резултат. Покрај неа, во друштвото на компании со загуба во 2020 година е и компанијата ЕУРОИМПЕКС, која ја затворила фискалната година со негативен резултат од 154 илјади ЕУР.

Вкупните приходи на топ 10 компании се помали за 29,7 милиони ЕУР, додека вкупната добивка е намалена за 2,2 милиони ЕУР.

Единствена компанија која успеала да изгенерира пораст на добивката е М КАР од неверојатни 35% и покрај малиот пад на приходи од 2.3%. Сепак,ваквите бројки треба да се третираат со големо ниво на претпазливост имајќи ги во предвид апсолутните податоци.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг