Во потресно писмо славната глумица ја открила својата најмрачна тајна

Точка

22/09/2021

19:30

9.404

Големина на фонт

а а а

За магазинот "Вашингтон Пост", глумицата Ума Турман ја открила својата "најмрачна тајна" во отвореното писмо со критики за забраната за абортус во Тексас.

Глумицата Ума Турман открила дека во доцните тинејџерски години имала абортус велејќи дека "некое зелено светло ќе светне, ќе допре до жените и девојките кои можеби чувствуваат срам од кој не можат да се заштитат".

Законот во Тексас им дава можност на граѓаните да го тужат оној кој учествувал во абортусот (докторот, сестрата па до возачот на такси) и законот не прави исклучок во случаеви на силување или инцест.

"Законот е уште една дискриминирачка алатка против оние кои од економската страна не се во предност, но често се против нивните партнери. Жените и децата на богатите семејства го задржуваат правото на избор, не ризикуваат многу".

"Ме боли тоа што законот се врти против граѓанинот, креирајќи нови предатори кои око им "фрлаат" на жените чие право е одземено да одбијат да имаат деца за кои не можат да се грижат".

Истакнала дека тоа е досега нејзината "најмрачна тајна": "Имам 51 година и го споделувам тоа со вас од куќата во која ги пораснав своите три деца, кои се моја гордост и радост".

На крај заклучила: "До сите вас, жени и девојки од Тексас, кои се плашите дека ќе бидете малтретирани од предатори, до сите жени кои се бесни бидејќи државата им го одзеде правото на сопственото тело и до сите вас кои сте ранливи и ви било кажано дека треба да се срамите, бидејќи имате матка, ви порачувам: Ве гледам. Бидете храбри. Убави сте. Ме потсеќате на моите ќерки".



Спонзорирани линкови

Маркетинг