Замислете да се релаксирате во прекрасно, необично место на швајцарските Алпи, во близина на глечерот Алеч, кој е под заштита на УНЕСКО, и одеднаш да го кренете погледот и да забележите летечки камион.
Ова сепак не е едноставен камион. Станува збор за камион тежок 7,5 тони кој вози по планинска жичница за да го собере отпадот од ова подрачје.
Познат како популарна туристичка дестинација, Бетмералп е село без автомобили до кое може да се стигне само со користење на голема жичница за автомобили, пренесува „Luxurylaunches“. Тоа е популарно место за летување и зимување кое „може да се пофали“ со 300 сончеви денови во годината.
Исто така може да се пофали со величествен поглед на 4000 метри високите врвови на Вале, вклучувајќи ги Вајшорн, Дом и Матерхорн. Одморалиштето е исто така признато со сертификат за квалитет дека е погодно за семејства и нуди бројни услуги за деца, вклучувајќи и пешачки патеки погодни за колички.
Бидејќи е омилено место за скијачи и сноубордери од сите способности, селото сигурно има и голема количина отпад. А со цел да се исчисти и да се одржи руралната средина, воведена е услуга за собирање отпад.
До Бетмералп нема друмски пристап, но тоа не е пречка за камионите за отпад. И јасно е дека не постои систем како во некои други нации во кои го одделуваат отпадот и го палат тоа што може да се запали. Летечкиот камион за отпад не е евтин процес, а да не се заборави и донекаде ризичната карактеристика целата тежина да се пренесува преку кабли.
Веројатно само уште една интересна карактеристика додадена на овој град - а можеби дури и дополнителен маркетиншки трик за оние кои уживаат во брзиот начин на живот.