Ова е местото на кое ќе се спушти следната мисија на Месечината

Точка

22/09/2021

09:56

13.632

Големина на фонт

а а а

Целта е потрага по ледена вода која еден ден би можела да биде претворена во ракетно гориво за мисии во Вселената.

Американската вселенска агенција (НАСА) одбрала кратер на Месечината на кој ќе се спушти истражувачкиот ровер во потрага по ледена вода во 2023-та година.

Роботот ќе биде спуштен на кратерот Нобиле, во близина на Јужниот пол на Месечината. НАСА се надева дека роверот ќе може да го потврди присуството на ледена вода под површината на Месечината.

Таа ледена вода еден ден би можела да биде претворена во ракетно гориво за мисии во Вселената.

Кратерот Нобиле е едно од најстудените подрачја во Сончевиот систем и досега можел да се истражува само од далечина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг