Бајден зборувал за Студена војна, а Кси Џинпинг: "Никогаш, ни под било кои услови"

Точка

22/09/2021

09:50

1.910

Големина на фонт

а а а

Кина никогаш, ни под било кои услови, нема да нападне било која земја, ниту ќе тежнее кон хегемонија, изјавил кинескиот претседател Кси Џинпинг.

Тој тоа го истакнал зборувајќи пред Генералното собрание на Обединетите нации.

Коментарите на Кси дошле неколку часа откако неговиот американски колега Џо Бајден рекол дека никогаш немал намера да започне "нова Студена војна", додава "AP".


"Успехот на една земја не мора да значи неуспех за друга земја. Светот е доволно голем да дозволи заеднички развој и напредок на сите земји", додал Кси во говорот.

Кина често зборува за мултилатерализам, иако нејзините критичари велат дека политиката кон Тајван и во Јужнокинеското море укажуваат на спротивното, додава американската новинска агенција.


Без директно да ги спомене САД, Кси рекол дека "надворешна воена интервенција и таканаречена демократска трансформација не би донела ништо друго освен штета".

"Мораме да одбереме дијалог и инклузивност пред конфронтација и исклучивост", нагласил кинескиот лидер.





Спонзорирани линкови

Маркетинг