Левандовски: Немам желба да се докажувам во друга лига

Макфакс

21/09/2021

18:39

2.384

Големина на фонт

а а а

И покрај шпекулациите кои го поврзуваа со трансфер надвор од Баерн Минхен ова лето, полската ѕвезда Роберт Левандовски вели дека не чувствува желба да се докаже во друга лига откако ја доби наградата „Златна копачка“ како најдобар европски стрелец.

Левандовски пристигна во Минхен од Борусија Дортмунд во 2014 година, и сезоната 2020/21 му беше неверојатна – тој постигна 41 гол во 29 меча во Бундеслигата и покрај тоа што пропушти цел месец поради повреда. 33-годишниот Полјак исто така го надмина рекордот на Герд Милер со најголем број на голови во една сезона во Бндеслигата и првпат во кариерата ја освои „Златната копачка“ со 11 гола пред Лионел Меси (минатата сезона во Барселона).

„Не гледам потреба да се докажувам во друга лига. Се натпреварувам со најдобрите клубови од другите лиги во Лигата на шампионите. Стоотстотно сум посветен на Баерн Минхен и не размислувам за ништо друго освен за мојот тим. Тука сум и долго време ќе бидам тука. Возраста не е важна. Јас сум како добро вино и се надевам дека ќе бидам и подобар“, изјави Левандовски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг