Тепачка меѓу две вработени во училиште во Чаир

Макфакс

21/09/2021

18:37

1.512

Големина на фонт

а а а

Вработена во основно училиште во Чаир во полиција пријавила дека била физички нападната од нејзина колешка.

Имено, вчера во 12.45 часот во СВР Скопје, М.Р.(35) од Скопје пријавила дека околу 11.40 часот во основно училиште на подрачје на Чаир, каде била вработена, по претходно недоразбирање била физички нападната од нејзина колешка С.В..

Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, информираа од МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг