Лавата на Канарските острови нема милост: Голта сѐ пред себе, вклучувајќи ги и базените во дворовите на куќите

Точка

21/09/2021

19:00

5.214

Големина на фонт

а а а

Ерупцијата од лава која се случила на Канарските острови ги присили властите да евакуира дел од општината Ел Пасо на островот Ла Палма.

Луѓето од областа Танда Алто се евакуирани од синоќа и утринава откако лавата почнала да избива од другата пукнатина на вулканот Кумбре Виеја, рекол градоначалникот на Ел Пасо, Серхио Родригез.

Досега, околу 6.000 до 80.000 луѓе на островот биле принудени да ги напуштат своите домови за да ја избегнат ерупцијата. На Твитер беше објавена снимка на која се гледа како лавата голта сѐ пред себе, вклучувајќи ги базените во дворовите на куќите.

Вулканот почнал да еруптира во средата откако Ла Палма, островот на канарскиот архипелаг кој се наоѓа најсеверозападно, беше погодено од повеќе земјотреси во претходните денови.


Тоа доведе до исфрлање на лава во воздухот, па зафати шуми и исфрли растопени камења кон океанот преку ретко населеното подрачје на Ла Палма. Досега не е забележан ниту еден смртен случај.




Спонзорирани линкови

Маркетинг