Службеник на ЦИА пријави симптоми на "Хавана синдром", можно е Русија да биде одговорна за ова

Точка

21/09/2021

17:17

3.904

Големина на фонт

а а а

Службеник на американската разузнавачка агенција ЦИА кој овој месец патувал со директорор Вилијам Бурнс во Индија пријавил симптоми на "Хавана синдромот", пренесува Си Ен Ен.

Околу 200 американски официјални лица и членови на нивните семејства се разболеле од така наречениот Хавана синдром, мистериозна болест чии симптоми се мигрена, мачнина, нарушување во помнењето и вртоглавица.

Гласноговорникот на ЦИА рекол во изјава за Ројтерс дека агенцијата не коментира одвоени инциденти или службеници.

"Имаме воспоставени протоколи кога поединци пријавуваат можни абнормални здравствени проблеми кои вклучуваат и соодветна медицинска помош", рекол гласноговорникот.


Службеници од американската амбасада за првпат пријавиле ваков случај во 2016 година во Куба.

Американската потпретседателка, Камала Харис минатиот месец го одложи своето патување во Виетнам, неколку часа откако американската амбасада во Ханоу пријави случај на овој синдром.

Националната академија за наука соопшти дека најверојатната теорија е за предизвикување на синдромот е "насочената, импулсна енергија со радио фреквенција".

Бурнс рекол дека постои голема можност синдромот да е намерно предизвикан и дека Русија би можела да биде одговорна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг