Бен Афлек си ја отвори душата: "Ѝ се восхитувам, таа е пример за силна жена"

Точка

21/09/2021

16:00

6.372

Големина на фонт

а а а

Во неодамнешно интервју признал дека е воодушевен со нејзиното постигнување кое го остварила во текот на кариерата. Холивудскиот глумец Бен Афлек не може да престане да ѝ се восхитува и да упатува пофални зборови до својата старо-нова партнерка Џенифер Лопез.

"Сѐ што можам да ви кажам е дека од прва рака се уверив дека жените од различни раси ѝ приоѓаат на Џенифер и ѝ велат дека таа е пример за силна жена, жена која успева и бара фер дел во бизнис светот", рекол за "Ad Week".

Тој признал дека бил затечен од нејзиното влијание на светот, посебно врз луѓето кои доаѓаат од различни средини и култури.


"Воодушевен сум со нејзиното влијание, особено како уметник кој снима филмови кој исто така има влијание врз луѓето. Џенифер инспирирала голема група на луѓе да почувствуваат дека и тие имаат свое место на Земајта. Такво влијание имаат малку луѓе низ историјата-некои кои никогаш нема да ги запознаам и таа покрај која можам само да стојам и да ѝ се восхитувам со почит", рекол заљубениот Бен.


Парот ја обнови врската после две децении. Биле верени две години пред да раскинат во 2004 година, а повторно стапија во врска откако Џеј Ло ја раскина свршувачката со Алекс Родригез. За првпат заедно се појавија на црвениот тепих во Венеција на филмскиот фестивал, а потоа и на Мет Гала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг