Серија торнада во Италија: Катаклизма на северот на земјата, уништен цел град, Милано и Торино се под вода

Точка

21/09/2021

15:26

5.192

Големина на фонт

а а а

Незапаметена бура го погоди северот на Италија, при што несреќните жители на тоа подрачје истовремено биле на мета на силни ветрови и поплави.

Застрашувачко невреме проследено со серија торнада го зафатило северот на Италија и предизвикало катаклизма по која стотина луѓе останале без кров над главата, а најтешко минале жителите на покраината Бреша, како и провицниите Лоди и Емилија.

Ветровите со огромна сила носеле кровови од куќи, корнеле стебла од корен, рушеле помали објекти и поместувале помали возила. Цели населби останале без струја бидејќи бурата уништила бројни електрични столбови, а граѓаните подоцна биле предупредени да не приоѓаат до каблите за да не се повредат.

"Градот Бетењо, на подрачјето на Бреша, буквално е уништен", објавиле италијанските медиуми.

Во силното невреме настрадала и покраината Модена - голема штета е забележана на аеродромот и аероклуб Капри, кој, изгледа, целосно е уништен. За среќа, нема вести за човечки жртви.

Во провинцијата Лоди пожарникарите добиваат многу повици од граѓани поради оштетени куќи. Исто така, на подрачјето на околината на Милано се излеала реката Олона, а некои жители се евакуирани.

Во Ломбардија биле забележани дури шест торнада, а подрачјата околу Торино и Милано се погодени од силни поплави. Како што објавил "Severe Weather", во некои места паднале повеќе од 220 мм дожд метар квадратен за само 24 часа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг