Во чест на Денот на наследството: Французин одел по тенко јаже преку Сена, на висина од 70 метри

Точка

21/09/2021

13:24

4.573

Големина на фонт

а а а

Французинот Нејтан Полин одел по јаже на висина од 70 метри над Сена во Париз, додека возбудената маса луѓе скандирала со бурно навивање на Ајфеловата кула и на брегот на реката.

Французинот бил врзан со безбедносно јаже и полека одел по јажето оптегнато преку реката, помеѓу Ајфеловата кула и театарот Шело.

Неколку пати застанал за да се одмори и правел паузи седејќи или лежејќи на јажето.

„Не беше лесно да одите 600 метри и да се концентрирате покрај притисокот и сè што се случуваше наоколу. Но, секако беше прекрасно“, изјавил Полин.

Тој додал дека било тешко да се добијат сите неопходни дозволи за овој потфат, а дека голем притисок претставувал и „стресот поврзан со публиката и фактот дека имало многу луѓе“.


Нејтан Полин е сопственик на неколку светски рекорди, а одењето по јаже го извел со цел одбележување на Денот на наследството кој секоја година се слави во Франција, кога луѓето се повикуваат да ги посетат зградите и спомениците кои инаку се затворени за јавноста.

Полин вели дека неговиот мотив бил „да направи нешто убаво и тоа да го сподели со луѓето, а во истовреме да укаже на нова перспектива на наследството“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг