Спалети објасни зошто Наполи не е фаворит за титулата во Серија А

Дерби

21/09/2021

12:17

2.133

Големина на фонт

а а а

Наполи вчера стигна до четвртата победа на исто толку натпревари во Серија А, со што е лидер во италијанското првенство.

Тимот на нашиот Елиф Елмас има одличен старт под водство на Лучијано Спалети, но тренерот смета дека неговиот тим не може да биде сметан за главен фаворит за титулата.

– Играме одлично, но сезоната е долга, а она што нам ни недостасува е долгата клупа.

– Тоа е и разликата во однос на фаворитите за скудетото, не знам колку натпревари ќе издржиме со вакво темпо.

– Да не заборавиме дека Милан игра одлично, Интер функционира добро и покрај разделбата со двајца важни играчи. Она што му дава дополнителна сила на Наполи се навивачите и се надевам дека тие ќе бидат дополнително гориво за фудбалерите, – изјавил Спалети.



Спонзорирани линкови

Маркетинг