Еден ден пред смртта соопштил дека боледува од СИДА, го напишал огромниот хит додека се капел...: 8 интересни факти за Фреди Меркјури

Точка

21/09/2021

12:32

5.819

Големина на фонт

а а а

На 5-ти септември 1946 година е роден Фарок Булсара или попознат како Фреди Меркјури.

Во продолжение ќе ви откриеме неколку факти од животот на покојниот пејач на „Queen“ кои можеби досега не сте ги знаеле.

Роден е во Занзибар

Таткото на Фреди работел за Британската колонијална служба во Занзибар (сегашна Танзанија), кога славниот пејач се родил во Стоун Таун во оваа земја. Неговото семејство припаѓало на етничката заедница Парси, чии припадници денес воглавно живеат во Индија.

Го променил своето име во 1970 година

Кога била оформена групата „Queen“ во 1970 година, Фарок Булсара одлучил да го промени своето име во Фреди Меркјури. Неговите другари веќе го нарекувале Фреди уште од периодот кога посетувал училиште за момчиња во близина на Мумбај.


Бил страстен колекционер на поштенски марки

Колекцијата на Меркјури на поштенски марки кои во текот на детството ги набавувал од Занзибар, Велика Британија, Нов Зеланд и Монако, била една од ретките нешта кои останале во сопственост на неговото семејство по смртта на пејачот. Во 1993 година, колекцијата ја откупил Британскиот поштенски музеј.

Своевремено работел како носач на багаж

Пред да стане светски идол, Фреди имал прилично негламурозна работа. Тој бил вработен на лондонскиот аеродром Хитроу, каде помагал околу багажот на патниците.


Го дизајнирал логото на „Queen“

Меркјури завршил графички дизајн на Илинг Арт Колеџ, што му помогнало да го дизајнира препознатливото лого на групата. На него, помеѓу останатото, се гледаат лавови, вили (девици) и еден рак бидејќи Меркјури сакал членовите на бендот да ги означи со нивните хороскопски знаци.

Обожувал мачки

Во еден момент чувал дури 10, а во внатрешната страна на омотот од првиот албум „Mr. Bad Guy“, Меркјури напишал дека го посветува на своите миленици Том, Оскар и Тифани, како и на сите љубители на мачки ширум светот.

Ја напишал „Crazy Little Thing Called Love“ додека бил во када

Во текот на престојот во Германија, Меркјури во својата хотелска соба уживал во топла купка. Тогаш дошол до идеја да напише песна по примерот на хитовите на Елвис Присли и тоа го направил за само 10 минути. Песната која денес ја знаеме како „Crazy Little Thing Called Love“ била првата песна од бендот „Queen“ која се искачила на врвот на американските топ листи.

Ѝ открил на јавноста дека боледува од СИДА само еден ден пред неговата смрт

Пејачот и неговиот менаџер долго чекале да го издадат соопштението со кое ќе ја известат јавноста дека тој боледува од СИДА. Тоа се случило на 23-ти ноември 1991 година, еден ден пред неговата смрт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг