Пука моќниот сојуз, Европската унија му се закани на Бајден! Со предавството на Маркон американскиот претседател удри на Унијата: "Ќе има последици"

Точка

21/09/2021

16:51

4.546

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, пратил остра порака до сојузничките Соединети Американски Држави откако нивниот претседател Џо Бајден со Австралија и Велика Британија го направил воениот пакт "АУКУС" и му забил нож во грб на францускиот лидер Емануел Макрон.

Американскиот претседател Џо Бајден се нашол на жесток удар од службениците на ЕУ, по минатонеделното склучување на воениот пакт АУКУС со Австралија и Британија и нанесувањето на сериозна штета на Франција.

Колку е сериозна ситуацијата на релација Брисел-Вашингтон сведочи и фактот дека некои лидери на Унијата рекле дека Бајден одиграл многу полошо дури и од својот претходник Доналд Трамп, "со кој Европа барем знаела на што е".

Меѓу бројните службеници на ЕУ најостро реагирал претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој го осудил недостигот на лојалност и транспарентност на САД во аферата "подморница", каде на спротивната страна е Франција. Мишел, имено, алудирал на жестокиот удар кој Америка му го нанела на официјален Париз, со оглед на тоа дека поради договорот АУКУС, Австралија еднострано го раскинала договорот со Французите за купување на подморници во вредност од повеќе од 40 милијарди долари.


Тие пловила, нуклеарни, Австралијците сега ќе ги купат од Американците, кои ќе ги градат во соработка со Британците, па јасно е дека Макрон останал без еден од најдобрите бизниси во историјата на неговата земја. ЕУ, природно, речиси веднаш застанала на негова страна, па се повеќе во светската јавност може да се слушне дека моќниот сојуз Вашингтон-Брисел е пред пукање.

"Основните начела меѓу сојузниците се транспарентност и доверба, кои се неразделни. А што гледаме тука? Еден недостиг на транспарентност и лојалност", им рекол Мишел на новинарите во Њујорк на маргините на Генералното собрание на ОН.

Европската унија побарала од Вашингтон објаснување за да подобро да разбере кои намери стојат зад објавата на стратешкото партнерство меѓу САД, Британија и Австралија, "бидејќи е неразбирливо". Поради тоа Европејците се се чувствуваат како американскиот лидер да ги игнорира.


"Во текот на мандатот на поранешниот шеф на САД барем беше јасно дека ЕУ не беше партнер, ниту неопходен сојузник", истакнал Мишел, но веднаш потоа ја ублажил реториката со коментар дека е неопходно поинаку да се работи на развивање на соработка со сојузниците.

"Сепак, најавата на новиот сојуз меѓу САД, Британија и Австраија и одлуката на Америка заедно со Британија да и продава подморници на нуклеарен погон на Австралија, со што беше раскинат претходниот договор меѓу Франција и Австралија, ќе има последици", нагласил Мишел.

Потсетуваме, АУКУС е направен на 15-ти септември и се однесува на договор кој има за цел промена на безбедносната ситуација на територијата на Индокина, пред се поради растечкото влијание на Кина на тој простор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг