Рио Фердинанд со интересен избор за најдобар дефанзивец во моментов во Премиер лигата

Дерби

21/09/2021

11:29

2.019

Големина на фонт

а а а

Англиската Премиер лига може да се пофали со многу квалитетни фудбалери, а екипите кои се борат за врвот потрошија многу пари и на најдобрите дефанзивци.

Рио Фердинанд како поранешен стопер и квалитетен дефанзивец пред се на Манчестер Јунајтед проценил кој одбранбен фудбалер е број еден во моментов во Премиер лигата и неговиот избор е Антонио Рудигер од Челси.

– Мислам дека Рудигер е најдобар централен одбранбен играч откако Томас Тухел го презема Челси.

– Тој и Диаз се најблиску во оваа споредба, но ефектот на Рудигер врз резултатите на тимот се поголеми.

– Беше јасно дека Френк Лампард нема заеднички јазик со Германецот, па дури и дека сака да го продаде, што секако влијаеше на неговата самодоверба во тие моменти, – изјавил Фердинанд.

Ова е уште една потврда дека Челси веројатно направи голема грешка што дозволи Рудигер да влезе во последната сезона од договорот, без тој да биде продолжен, па сега се шпекулира дека германскиот репрезентативец има понуди од сите страни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг