Де Јонг ги разочара фановите на Барселона со промашениот зицер против Гранада

Дерби

21/09/2021

11:27

2.021

Големина на фонт

а а а

Барселона го доведе Лук де Јонг на барање на тренерот Роналд Куман, на тој начин зголемувајќи го холандскиот контингент во тимот.

Напаѓачот требаше да го неутрализира отсуството на Серхио Агуеро, но засега е далеку од таква позиција, нешто што го потврди и вчера.

Барселона не успеа да ја победи Гранада во Ла Лига, а Де Јонг ја промаши најдобрата шанса на својата екипа, во ситуација кога гостите се уште имаа предност и Барса бркаше израмнување.

Де Јонг доби одлична топка на неколку метри до голот на Mашимијано, но успеа да го префрли голот и да си заработи многу критики меѓу фановите на каталонскиот тим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг