Се појави видео од трибината: Бесниот Алегри со пцовка ги „поздрави“ своите играчи по ремито со Милан

Дерби

21/09/2021

11:25

1.652

Големина на фонт

а а а

Масимилијано Алегри прифати дел од вината и нагласи дека требал да внесе подефанзивни фудбалери на теренот при резултат 1:0 на дербито со Милан, натпревар на кој Јувентус прими погодок на крајот и двата тима се задоволија со нерешен епилог.

Овој резултат дефинитивно е подобар за „росонерите“ кои имаат и повеќе од коректен старт со 10 освоени бода по четири одиграни кола, но од друга страна, загрижувачки делува фактот што Јуве се најде во опасната зона со само два бода од првите четири средби.

Повеќе од јасно е дека премногу е рано да се извлекуваат било какви заклучоци за сезоната на „старата дама“, но полека станува очигледно дека се понервозен е тренерот Алегри.

Макс имаше доста бесни реакции додека го следеше натпреварот, но сега се појави и едно видео од трибината, кое ни открива дека тренерот ги „поздравил“ своите играчи со пцовка по дербито со Милан.

– Е..но лошо…. Сакаат да играат за Јувентус, – вели бесниот Алегри при заминување во соблекувалните, што е јасна забелешка за фудбалерите кои го остварија најлошиот старт на Јуве во италијанската елита во последните 60 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг