Сеир за Роналд: Лошата игра на Барса направи Куман да го промени терминот за тактиката „тики-така“

Дерби

21/09/2021

10:59

2.525

Големина на фонт

а а а

Барселона беше надалеку позната по својата „тики-така“ тактика под водство на Пеп Гвардиола, но сега оваа стратегија на актуелниот менаџер на Манчестер Сити стана повторно актуелна, откако Роналд Куман направи гаф и го промени терминот за овој фудбалски стил.

Лошата игра на Барселона против Гранада направи Холанѓанецот да стане вирален хит на социјалните мрежи, а со него се потсмеваат дури и фановите на клубот поради тоа што го погреши терминот за легендарната тактика со која каталонскиот гигант оствари големи успеси.

Во обид да објасни зошто Барселона веќе не игра допадлив фудбал со кратки додавања, наместо „тики-така“, Куман во два наврати порача „тики-таки“.

– Лесно е да се одговори на ова прашање. Ако ја погледнете листата на повикани фудбалери, што да се прави? Да играме „тики-таки“, „тики-таки“ кога не создаваме простор. Треба да играме со наш сопствен стил, а ако натпреварот побара да направиме замена на пристапот, треба да го направиме тоа.

– Тргнавме со 4-3-3 во првото полувреме, но после модифициравме и правевме се што можевме со нашите ресурси на клупата. Да бидеме реални, оваа Барселона не е онаа од пред осум години, – изјави Куман по ремито против Гранада на „Камп Ноу“ (1:1).

Оваа изјава на Куман стана вистински хит во фудбалска Шпанија поради погрешниот термин кој го употреби, па Холанѓанецот веднаш наиде на голем сеир на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг