ТВ дуел на Заев и Мицкоски! Заев: „Никогаш не сум рекол дека ако има констатирано вина кај Филипче и Хасани, дека нема да ги прифатам оставките“

Точка

20/09/2021

19:14

4.931

Големина на фонт

а а а

Темата за одговорноста за трагедијата во модуларната ковид-болница во Тетово е дел од вечерашниот дуел меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на телевизијата Канал 5.

Заев смета дека во услови на пандемија, министерот за здравство и неговиот заменик, досега сработиле многу.

„Тие се справуваа со сериозен предизвик во целиот свет, што е за првпат во човештвото. Со носењето на одлуката, прво ќе констатираме како ќе се поставиме кон луѓето. Ќе ги почекам анализите и истрагата и ќе одлучам за нивните оставки. Го разбирам етичкиот и моралниот однос, но исто така ја чекам и другата одговорност, што значи континуитет на системот, одговорност за тоа што не очекува понатаму“, вели премиерот во тв дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Само вистина“.

Тој додава дека никогаш не рекол дека ако има констатирано вина кај Филипче и Хасани, нема да ги прифати нивните оставки.

„Одговорноста кај мене е поголема затоа што сум и претседател на Влада, затоа што сите знаеме дека поставивме модуларни контејнери, претходно изработени во фабрики. Законот јасно тоа го пишува, информира премиеро и посочи дека за трагедијата ќе одговора на прашања, додека сме живи“.

Според Мицкоски, Заев не треба воопшто да размислува за прифаќањето на понудените оставки од министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик, Илир Хасани.

„Ако седнете и разговарате со роднините на тие луѓе што ги загубија животите, ќе го видите сиот гнев и револт што тие го чувствуваат. Ако има некој и малку грижа на совест во Владата, а тука најповикан е господинот Зоран Заев, не само што нема да размислува, туку веднаш ќе ги прифати овие оставки“, рече Мицкоски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг